Градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците Арбен Таравари постигна апсолутен негативен рекорд со најмалку потрошени пари за лични потреби од општинската каса меѓу сите градоначалници.
Екс министерот за здравство потрошил само 250 евра за своите потреби во текот на 2020 година, се вели во извештај на општина Гостивар за трошење од локалниот буџет.
Во првите 10 месеци од годинава или за 305 дена Таравари потрошил 14.900 денари или трошел по 48,4 денари секој ден
Со овој рекорд Таравари е градоначалник со најмали лични трошоци во цела земја а особено неговите суми се разликуваат од другите функционери Албанци во Македонија кои често се први на листите на направени службени трошоци.
Исклучокот од ова правило, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој е на чело на една од поголемите општини покажува дека градоначалниците и функционерите општо не мора да трошат илјадници евра по кафеани и за други трошоци додека голем број од граѓаните и од пред Ковид-19 кризата мака мачат да го преживеат месецот.






