Таравари: Река и Силјановска во вториот круг (ВИДЕО)

Според интерните анкети на Алијансата на Албанците, Гордана Силјановска Давкова пдобро се котира од Стево Пендаровски пред почетокот на официјалната камапања за претседателските избори.



„ Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време“ изјави градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Тој ги демантира тврдењата дека Алијансата има договор за поддршка на кандидатот на МРО-ДПМНЕ во  вториот круг.

На видеото по 13 минута.