Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар од редовите на Алијанса на Албанците смета дека иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за референдум , е повеќе работа на македонските партии и Албанците не се многу загрижени за тоа.
Албанците повеќе ги интересира почеток на преговорите на земјава со ЕУ.
Таравари сепак вели дека и од Алијанса имаат „услов“ дали да гласаат за уставни измени:
„Актуелната политичка ситуација е проблематична и колку што гледам тешко дека ќе се обезбедат 80 гласа. Како партија имаме барање, односно исполнување на еден предуслов.
Нашите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се повлече „20 отсто” во Уставот во делот на остварувањата на паравата на една заедница“, изјави Таравари.







