Таравари: Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка од градоначалник

Лидерот на Алијанса за Албанците бара градоначалникотг на Струга Рамиз Мерко веднаш да си даде оставка откако беше ставен на на „црната листа“ на САД поради корупција.



„Јас да бев на местото на Рамиз Мерко, вечерва веднаш би дал оставка и ќе оставам друго лице да раководи со општината“, изјави Арбен Таравари, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

„Треба да го стори тоа, да си поднесе оставка. Мора да се расчисти со ова. Од друга страна правосудните органи не реагираат и причина за тоа е што власта има инсталирано свои луѓе во правосудните органи. ДУИ 20 години владее со тие институции со свои луѓе. Ние како политичка партија секогаш сме гласни кога станува збор за корупцијата. Сме ги критикувале функционерите на ДУИ, најмногу Рамиз Мерко. Ј

а поздравуваме одлуката на САД и искрено очекуваме да има други личности на листата. Очекуваме Мерко да поднесе оставка, ако ништо друго од морални причини“, потенцираше Таравари од студиото на ТВ21.