Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, препорачува Комисијата за заразни болести целосно да се смени и нуди кадри кои се професионални и кои нема да бидат под притисок на политиката пренесе „Гостивар Прес“
„Ако ме прашате, би препорачал Комисијата за заразни болести комплетно да се смени. Ние имаме кадри кои се професионални и кои нема да бидат под притисок на политиката. А потоа да се почне од почеток за да не ни се случи трет или четврт бран.
Веднаш после карантинот за бајрамските празници целосно се олабавија мерките и ова е тоа што го доживуваме, втор бран епидемија.
А, сето тоа се прави дефинитивно поради одржување избори.
Ние сме први во светот коишто пред завршувањето на првиот бран, веќе влегуваме во втор бран“, изјавил Таравари.






