Таравари: Промената веќе почна! – Фб: Собранието на АА одлучи да оди со опозицијата, а ДУИ да ја прати во п.м.!

„Активисти и симпатизери го преплавија домот на Арбен Таравари во знак на поддршка по најновите закани кон него!“ – објави ТВ Алсат во својата фото-вест.



Алсат пишува: „Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари пред неколку моменти на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии со голем број активисти и симпатизери, кои отидоа кај него дома, за да се солидаризираат со него, по последните настани, особено кога Таравари денеска објави дека пронашол куршум во неговиот двор.“

Инаку, на својот фејсбук-профил Таравари објави доцна вечерва, на 5 февруари 2024 само кратка порака: „Промената почна!“

Неговата објава за „започнатите промени“ и серијата фотографии со насобраните пред неговиот дом предизвикаа „експлозија“ на оваа општествена мрежа: за нецел час наидоа дури на 1300 лајкови, 142 споделувања на неговата објава и 133 коментари.

Во најголемиот број коментари и на фејсбук му се искажува целосна и безрезервна поддршка на Таравари и неговата одлука како лидер Алијансата за Албанците да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција во нивниот поход за уривање на ДУИ и целата власт на изборите на 8 мај годинава.

Во еден од коментарите се наведува: „Целата пропагандна артилерија на Артан Груби е во служба на Зијадин (Миладин) Села, кој не се консултирал со Собранието на Алијансата за Албанците, бидејќи знаел дека тоа веќе донело одлука АА да ѝ се придружи на албанската опозиција, а ДУИ да ја испрати во пи**ата мајчина сосе Зијадин (Миладин)!“

Во друг коментар се нагласува: „Арбен, народот е со тебе!“