Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека со бројните критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ на адреса на неговата парија и со антиалбанска реторика ВМРО-ДПМНЕ само си наштетува себе си, бидејќи по следните избори нема да може да си најде албански партнер за соработка.
Лидерот на АА вели дека ВМРО-ДПМНЕ го искористила ставот на Таравари дека ако уставните измени не бидат изгласани, ќе дојде до радикализација и обвинила дека тој сака дестабилизација и војна.
Со антиалбанскиот вокабулар, кој освен ВМРО-ДПМНЕ го користи и Левица, вели Таравари, се создава една општа атмосфера дека Албанците се тие што ја кочат државата, дека сакаат да го сменат Уставот по секоја цена или дека се однесуваат како да се против Македонците.
Таравари вели дека ќе има огромен пресврт.
„Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние ќе останеме со бугарското вето, економската криза, бегството на младите и фрустрациите што ќе се создадат на населението воопшто.
Потоа, секоја криза носи нови несогласувања кои потоа можат целосно да го збунат функционирањето на државата“, изјави Арбен Таравари, као што објави Фокус.







