По темнзиичната осфера во Законодавниот дом во која спикерот Талат Џафери остана на ставот да не ја свика 36-та седница на која требашпе да се усвојат мнерките од петтиот сет мерки за помош на стопанството, реагираше и Арбен Таравари, висок ункционер во опозициската Алијанса за Албанците.
„Вечерва паднаа маските во Собрание. Талат Џафери во кординација со парламентарното мнозинство создава драма и не дозволуваа гласање на петиот пакет економски мерки.
Цела опозиција беше во Собрание и побаравме да се стават на дневен ред законите за кои не обвинуваа нас иако ние ги повлековме амандманите и гласавме во комисија.
Додека пратеничката Илире Даути предложи гласање на економските мерки, пратениците на ДУИ тропаа на масите против граѓаните.
По целата врева и хаос кој го создадоа самите, спикерот на Собранието создаде неколку траги-комични драми и ја прекина седницата.
Талат Џафери најави и карантин на Собранието со што комично ќе ги остават граѓаните и компаниите без, и така малата, економска подршка.
Мнозинството и Владата треба барем еднаш да излезат и да бидат искрени, да признаат дека немаат пари ни воља да им помагат на граѓаните и стопанството и да си одат дома, а не да се обидат да ја потценуваат и интелегенцијата на нашите сограѓани“, напиша Таравари на Фејсбук.







