„Алијансата за Албанците е самостојна и сериозна партија. Своите одлуки ги донесува во партиските структури, по анализите што ги прави и врз основа на волјата на своето членство. Во едно нешто сум сигурен: соработка не се прави со телевизиски расправи и со упаување јавни повици.“ – изјави Арбен Таравари како одговор на повикот на потпретседателот на опозициската Беса Фатмир Лимани Алијансата за Албанците да ѝ се приклучи на здружената албанска опозиција. Ова го објави ТВ 21.
Во својата информација ТВ 21 дополнува: Лимани ѝ упати повик да Алијансата за Албанците да стане дел од опозицијата, порачувајќи ѝ: „Алтернатива се обиде, но не успеа. Истата судбина ве очекува и вас, ако не преземете чекори на време.“





