„Премиерот, оној што би бил на челна позиција, не треба да се гледа како Албанец, Македонец, Турчин, туку како мудар, стабилен и некорумпиран политичар. Етноцентризмот нема да биде нашата определба, туку доброто на секој граѓанин во оваа држава“вели Арбен Таравари, портпарол на Алијанса на Албанците во интервју за „Слободен печат“.



Тој смета дека за оваа држава да бележи напредок најмалку од сѐ ѝ е потребно да има политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“.

„Ние не сакаме да учествуваме во таков тип пазарења. Она што го направи Ахмети беше повеќе изборен трик, отколку една грандиозна идеја за обединување на Албанците во државата“, вели Таравари за Слободен печат.