Се намалува веројатноста за тројна коалиција меѓу опозициските партии Алијанса за Албанците, Движење Беса и Алтернатива, оцени генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за ТВ21.
„Според тоа што го гледам, веројатноста за тројна коалиција е се помала. Невозможно е трите страни да седнат заедно. Наскоро, мислам дека за неколку дена ние како Централно раководство треба да седнеме и да донесеме конечна одлука, како да продолжиме понатаму ние како АА.“, изјавил Таравари.
Генералниот секретар на Движење Беса Арјанит Хоџа, вели дека тие не се пречка за тројната коалиција.
Против тројната коалиција е Алтернатива која не сака да седне на преговарачка маса со Движење Беса поради, како што велат, принципи, оценува ТВ 21.





