Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, за РТК потврди дека претставниците на Европскиотсојуз за промени (ЕСП)се согласиле дека опозицициските партии на етничките Албанци во Македонија треба да понудат своиј кандидат за претседател на државата.
„Се зборуваше дека (Арбен) Таравари е кандидат за претседател и се гледа како соодветен кандидат за кандидат Албанец на овие избори“, рече Касами, пренесува информативна агенција INA.
По кој пат ќе тргне Алијанса – одлука неделава
Според Касами, ДУИ од страв се свртела кон националистичка реторика.
ДУИ се враќа на воената реторика, кон националната реторика, оваа реторика не беше својствена кога ДУИ имаше комфор, беше зафатена со зелени кампањи, сега кога се зафати паниката, се врати кон воената реторика.






