Таравари: Мерко барем да си даде оставка од морални причини

Според лидерот на Алијанса, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба барем од морални причини веднаш да поднесе оставка, откако беше ставен на црната листа од САД.



Арбен Таравари во синоќешното гостување на „Вин–вин“ на телевизија „Телма“, нагласи дека постојат повеќе лица за кои постојат сомневања и мислам, како што рече, црната листа на САД ќе продолжи, но повика „да дадеме време, периодот пред нас да излезат сите имиња што ги најавува (американската) амбасадорка“.