Таравари и Бејта одат во втор круг за градоначалник Гостивар

На вчерашните избори за градоначалник на Гостивар најмногу гласови освои кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари – 15.724, или 49,88 проценти од гласовите – сепак, како што покажуваат податоците од ДИК, недоволно за победа на актуелниот градоначалник во првиот круг.



Тој синоќа прогласи победа.

Втор е кандидатот на ДУИ, Невазат Бејта со 41,84 проценти или 13.190 гласови.

На трето место е Фадил Зендели од БЕСА, со освоени 909 гласа или 2,88 отсто од гласачите, а четврта е Рената Елези од ДПА, со освоени 303 гласа или 1,06 отсто од гласовите.