Причината што голем дел од граѓаните не веруваа во вирусот е неиформираност, но и недовербата во институциите истакна градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари во интервју за Инфомакс.
„Нивна задача беше да ги информираат граѓаните, нешто што тие не успеаа да го сторат“, вели Таравари.
„Дефинитивно проблем и недовербата во институциите. Не би сакал да кажам сега дека крив за тоа е само еден човек, Филипче или Заев, Спасовски, Мицкоски или некој друг. Нарушувањето на довербата во институциите го започнавме пред 20 години и тоа континуирано трае.
Еден ќе дојде ќе ја наруши таа доверба, друг ќе дојде после него ќе го продолжи.
Надежта беше голема дека ние ќе почнеме полека да ја враќаме довербата во институциите во одредени министерства“, вели Таравари.






