Таравари: Финансиска полиција со 20 контроли на Гостивар за да нè оцрнат, а ништо не најдоа

„Зачестените контроли на финансиската полиција во општина Гостивар се намерни.’ – вели градоначалникот Арбен Таравари, според кого директорот на оваа институција, кој доаѓа од Гостивар, има намера да го оцрни неговиот авторитет и да и каже на јавноста дека опозицијата е иста како и властодршците.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.



„Журнал“ пишува: „Директорот на финансиската полиција е од Гостивар. Тој е опседнат со општина Гостивар и досега сме имале 20 инспекции, по кои се поднесени 5-6 кривични пријави. Неговата цел е да го оцрни нашиот авторитет, на нашата партија и да каже дека и ние, како опозиција, сме исти како нив, кои се на власт.’ – изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.“

„Запрашан дали пристигнал извештајот од последната контрола, Таравари одговори дека не е пронајдено ништо сериозно. ‘Ништо сериозно, само настојуваат по секоја цена да извадат нешто и да направат нешто спектакуларно – нагласува Таравари.“

„Општина Гостивар неколкупати по ред беше под контрола на финансиската полиција. Последната контрола спроведена во општина Гостивар беше во текот на минатата недела.“