В.Д. претседателот на Алаијанса на Албанците Арбен Таравари во рекордно време успеал да собере над 1.800 потписи и е единствениот кандидат за претседател на Алијансата за Албанците, соопшти претседателот на Комисијата во АА, Сурија Рашиди.
„Во име на Комисијата можам да ве информирам дека вечерва конечно завршува рокот за поднесување кандидатури за претседател на партијата и ја имам честа да информирам дека досега до Комисијата стигна само една кандидатура, кандидатурата на проф. Арбен Таравари, потпретседател на партијата и в.д. претседател на партијата до вонредниот конгрес“, вели Сурија Рашиди.
Иако е единствениот кандидат, Таравари рече дека во Собранието како противкандидат може да се пријави секој член што ќе успее да собере 400 потписи.
„…Рокот е до вечерва на полноќ, но секој има право, секој член што ќе собере над 400 потписи, има право да поднесе до комисијата кандидатура“, порача Арбен Таравари.






