Таравари е под жестоки закани да не оди со Касами, Меџити и Гаши

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари е под жестоки закани да не оди со Касами, Меџити и Гаши.



Извори во Алијансата за Албанците тврдат дека откако вчера Таравари објави дека на изборите ќе оди со албанската опозиција почнал да добива сериозни закани по својата и безбедноста на луѓето околу него.

Заканите ги упатуваат луѓе блиски на крилото кое што е под контрола на екс лидерот на АА Зијадин Села и министерот за правда Кренар Лога.

Заканите се должат на стравот на луѓето во Алијансата дека ќе ги загубат своите позиции затоа што заедно со ДУИ ќе одат во опозиција а на нив ќе биде одговорено соодветно, велат извори од партијата.

Засега нема пријава до МВР за добиените закани затоа што тимот на Таравари не ги доживува сериозно.

Од таму се апелира партиските членови да не размислуваат за насилство, да бидат смирени и трезвено затоа што претседателот Таравари има конкретен план како да се заштитат правата на Албанците и како да се подобри стандардот на граѓаните.

Наскоро тие што се закануваат ќе се срамат и ќе одговараат пред законот, велат партиски членови кои повикуваат на обединување на сите Албанци кои што се против вечното владеење на ДУИ.