Заедничката изјава за поддршка на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, потпишале од 19 членови од Академијата на Алијансата за Албанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики, кое брои вкупно 25 члена.
Земјата е во сериозна социјална, морална и економска криза и дека главната одговорност и катализатор на оваа криза е ДУИ, која речиси континуирано владее над две децении, велат потписниуците, како што пренесува Плусинфо.
„Д-р Арбен Таравари е надеж. Се надеваме дека сè уште има политички лидери кои се водат од етички принципи и кои имаат убедување и политичка верба зад кои стојат бескомпромисно.
Убедени сме дека д-р Арбен Таравари ќе чекори по вистинскиот пат, по патот што го трасираше Арбен Џафери, и ќе доведе до пресврт на реалноста на Албанците во с. Македонија” – се вели во писмото.






