„Неспорен факт е дека ДУИ навлегла во сите институции. Во едно интервју пред десеттина дена кажав дека ми е драго, што сега повеќето аналитичари и политички партии го велат она, што го рековме пред 3, 4, 5 години: оти ДУИ е практично проблем за општеството. Јас велам рак за општеството, поради длабокото навлегување во сите институции на државата.“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците во интервју за ‘Еуроњуз’ од Албанија. Според него, не е здраво за демократијата една партија 21 година да останува на власт.“ – пренесе ТВ 21.
ТВ 21 пренесува: „Ние сме кажале дека ДУИ е долго време на власт, веќе 21 година. Ова не е добро за демократијата на Албанците во Македонија, за демократијата воопшто, но и за ДУИ. Не е здраво за една партија кога не оди во опозиција.“ – нагласи Арбен Таравари.
„Мнозинството на членството на Алијансата за Албанците бараат партијата да се натпреварува сама на следните избори. Втори по ред се оние, кои ја поддржуваат идејата за соработка со албанскиот опозициски блок. Најмалиот процент од членството на нашата партија се оние, кои се за соработка со ДУИ. Ова е мое лично мислење од комуникацијата, што ја имам со членовите на Алијансата за Албанците.“ – посочи Таравари во споменатото интервју за „Еуроњуз“ од Албанија.“





