Таравари: ДУИ е метастазиран во сите институции и е – закана…

Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и поранешен генерален секретар на Алијансата за Албанцитевели во разговор за Локално, вели дека раководството на ДУИ е повеќе ориентирано кон заштитување на криминалците од своите редови, отколку за добробитта на општеството.



За тоа дека ДУИ и на локално и на државно ниво се обвинуваат за криминал, но не е покренат ниту еден процес за разлика од функционерите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот смета дека ДУИ е „метастазиран во сите институции“ и е „сериозна закана за нормално функционирање на еден општествен систем“.

„Постои една огромна мистерија, а тоа е како партијата ДУИ би се однесувала во опозиција?! Од скромното искуство од периодот 2006-2008, не би рекол дека на Ахмети око не му трепнуваше за општото добро на општеството. Можеби ќе се сетите на периодот на кратка опозиција, беше доста малигна, со блокирање на автопатишта, со блокирање на Собрание, со закани за вооружени инциденти итн. И сосема на крај, само Ахмети можеше да биде до Груевски до последниот момент, додека експремиерот не побегна во Унгарија.

ДУИ е метастазиран во сите институции, тие веќе имаат свои поранешни финкционери и сегашни потрчковци во инспекторати, полиција, судови, обвинителство, универзитети, училишта, општини, агенции, да не зборувам за министерства. ДУИ е веќе сериозна закана за нормално функционирање на еден општествен систем. Оваа можеби ќе изгледа тенденциозно, но времето ќе покаже колку тежок ќе биде периодот по заминување на ДУИ во опозиција“, вели Таравари.