Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500-тини евра за метар квадратен во Скопје.
Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица „Македонија“ по цена пет пати пониска од пазарната
Ова се дело од прашањата што им ги постави Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска седница на пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два случаи се еклатантен пример на корупција и криминал.
Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата, праша Јаулески и даде негов одговор:
,,Туристичката агенција на Груби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата”, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса“.






