„Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата.

Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).
 



„Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори.

Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваат лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами  на Движење Беса.

Најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја преводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред се од народот кој е најважен за мене.Ќе се кандидира со доставување на 10. 000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.  МИА