Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари доби важен сојузник во битката за иднината на Алијансата за Албанците против крилото на Села и Лога која јавно започна денеска.
Министерот за здравство Фатмир Меџити е со Таравари.
По објавата на Таравари дека АА ќе оди на избори со албанската опозиција, Меџити веднаш го споделил неговиот статус за изборен настап со опозицијата.

Во меѓувреме извори од ДУИ и СДСМ брифираат дека во следните неколку дена ќе има обид за разрешување на Меџити од позицијата член на влада, преку иницијатива која треба да дојде од техничкиот премиер Талат Џафери.
За ова идеја се уште се прават математики поради опасноста ДУИ и СДСМ да немаат доволно пратеници да го разрешат Меџити.
Повеќе детали
Таравари победува 10 : 1 против крилото на Села и Лога во судирот во Алијансата за Албанците






