„Се обидуваат да заплашат некои од активистите на Алијансата за Албанците со класичните методи на системот, кој го уриваат: со закани за ‘отстранување од работа’.“ – реагираше лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари преку својот фејсбук-профил.
Таравари натаму ѝ порачува на власта на ДУИ и СДСМ: Напразно е… Промената тргна и нема да ја врати назад никој и ништо! Вие, кои ја употребувате власта на овој начин, ве повикувам да купите календар, или да погледате во календарот на вашиот мобилен телефон и да прочитате… Осми мај е многу, многу блиску!
Разликите, што ги имаме во Алијансата за Албанците, да си ги решиме на нашиот демократски начин, а уцените не поминуваат кај ниеден член на Алијансата за Албанците, кој било да е и каде било да е!
Промената не запира … 8 мај!





