Таравари: „Чудото од дете’ на ДУИ – за секое министерство во Владата“

„ДУИ има во своите редови едно ‘Чудо од дете“ – иронично пишува генералниот секретар на опозициската Алијанса на Албанците и претседател на општина Гостивар Арбен Таравари во својата објава на фејсбук, коментирајќи го учествувањето на „интегративците“ во се уште неизгласаната Влада на Македонија на мандатарот Димитар Ковачевски од СДСМ.

Информативниот портал на албански јазик „ин7’ ја пренесува фб – објавата на Таравари:

„Претседателот на општина Гостивар Арбен Таравари ги коментираше имињата за министри во Владата на Македонија, со која ќе раководи Ковачевски. Според него, партијата на Ахмети се натпреварува со едно име за повеќе министерства.“
„ДУИ има едно име за министер, истото лице е министер за информативно општество, за министер за земјоделство или за министер за образование и наука.“
#Wonderkid” (#Чудо од дете’) – напиша Таравари.“