Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за Фокус тври дека вчера двајца професори во Гостивар биле нападнати и претепани од членови на ДУИ.
Едниот од професорите бил тешко повреден и е задржан во болница со потрес на мозок а другиот со полесни повреди е пуштен дома.
Претходно, во вечерашното гостување на телевизија Телма, Таравари изјави дека според негови информации министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски често пати бил на приватни прослави на функционери на ДУИ во Гостивар, и се надева дека ќе преземе мерки за овој случај да биде расветлен.





