Советот на Општина Гостивар најверојатно во ќетврток ќе донесе одлука за продолжување на работното време за хотелските објекти за уште два часа, информираат од Општината.



Актуелниот градоначалник, Арбен Таравари,но и кандидат на Алијанса на Албаците за уште еден мандат Тараварипредлага наместо до полноќ, во работните денови работното време да трае до 2 часот, а за време на викендите, наместо до 1, да трае до 3 часот.

„ Ваквиот предлог доаѓа во време кога нашите сонародници се во својот роден крај, но исто така и за да може кафулињата и рестораните да работат бидејќи подолг период беа затворени поради пандемијата“ стои во соопштението од општината.