Таравари бара да се избрише „20“ од Уставот, Груби вели „кога ќе му дојде време“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, инсистира со предлог уставнитѕе измени сега да се избришеат оние „20“ и да се заменат со „албански јазик“.



„Ќе го дадеме максимумот да ги тргнеме ’20-тте’ отсто. Ќе направиме сè за да го тргнеме од Уставот. Секој пат нашите сограѓани ни кажуваат дека сега не е вистинскиот момент. Таков беше случајот во 2019 година кога беше отворен Уставот и тогаш ни кажаа – следниот пат. Сега е редот. Ние сме дел од Владата и предлогот на Владата може да се промени во секое време до гласањето или отворањето на Уставот“, рече Таравари.

Првиот вицепремиер Артан Груби од редовите на ДУИ вели дека терминот „20 отсто“ ќе биде отстранет кога ќе му дојде времето. А, кога ќе биде тоа Груби не кажува, иако досега Уставот се отвораше неколку пати, а ДУИ, покрај официјализирањето на албанскиот јазик со закон, вети дека ќе го отстрани и терминот „20 отсто“.

Предлогот на Владата за уставни измени е во Секретаријатот за законодавство. Конечната верзија ќе биде објавена следната недела.