Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари преку ѕвит на социјалната мрежа Х (порано Твитер) е потсетен дека во негово време како министер во владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците од Ониологија бил исфрлен системот за контрола на прием на цитостатиците и други лекови за болни од канцер
Сега Таравари искажува срам и тага за случувањата на Онкологија а тогаш морал да знае дека се исфрла функционална опрема вредна 350 илјади евра по што се создале услови за криминал и кражба на лекови за болните од рак.
Во твитот се даваат докази дека Таравари бил главен во здравството кога на Онкологија се создале услови за криминалот за кој сега тој тагува.
и треба да чувствуваш срам, затоа што во твојот мандат бил укинат системот за следење на терапијата ⚠️ pic.twitter.com/bSqRtUFi7F
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) September 4, 2023






