Таравари: Ако нема датум треба да има избори

„Ако не се добие датум, логично би било да се оди на предвремени извори. Недобивањето на датум би можело да значи огромно разочарување кај јавноста, иако процесот на НАТО интеграција завршува, па, логично би било да се бара повторна доверба од граѓаните“ вели во интервју за „Лидер“ градоначалникот на Гостиват и функционер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари.



И не само затоа.

Таравари смета дека оваа Влада се соочи со огромен број на афери и скандали што беа објавени и во медиумите.

„Имаше и јавни анкети за тоа кои министри треба да се сменат. Тоа е, секако, одлука на премиерот, а како граѓанин на оваа држава се надевам и, пред сѐ, посакувам да се направат промени со луѓе кои имаат потенцијал за реформирање на институциите на системот. За мене тоа е најважното, промените да се направат онаму каде што се предизвикува гниењето и трулежот на власта и системот“вели Таравари за „Лидер“.