Дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска се огласи на Твитер во врска со неисполнетите очекувања Македонија да добие датум за отпочнување преговори со ЕУ.
„Време е македонските лидери да сфатат дека нема место за Македонија во ЕУ, слично како Турција.
Tреба(ше) (од секогаш) да има сериозен план Б за ЕУ, но никогаш нмаше освен за евтин популизам и авторитаризам. Ова е можност за МК да застане на свои нозе“, напиша Милевска.





