„Неименувани извори за „Нова Македонија“, од Организацијата на Обединетите нации (ООН), изјавуваат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се ‘избегнува’ терминот ‘македонски јазик’, во согласност со општиот став дека терминот ‘Македонија’ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат. Понатаму се додава дека од оваа година категоријата ‘македонски јазик’ ќе се користи за ‘антички македонски јазик’, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.“ – вели Сашо Таневски во својата анализа со наслов „Попушта ли идентитетскиот бетон од Преспанскиот договор?“ „Попушта ли идентитетскиот бетон од Преспанскиот договор?“ “, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Кој го брише македонскиот јазик од ООН?“
Таневски пишува: „Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ почесто ‘испливуваат на површина’. Потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот ‘македонски јазик’, да го употребуваат терминот ‘јазикот на Република с.Македонија’. Неименувани извори за ‘Нова Македонија’ од ОН алармираат дека во инструкцијата до службите на Секретаријатот се вели дека мора да се ‘избегнува’ терминот ‘македонски јазик’, во согласност со општиот став дека терминот ‘Македонија’ и сите изведенки од овој термин не смеат да се употребуваат.“
„Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува ‘македонски јазик’, во тек е постепено отстранување на сите изведенки, произлезени од терминот ‘Македонија’, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признат многу одамна. Понатаму се додава дека од оваа година категоријата ‘македонски јазик’ ќе се користи за ‘антички македонски јазик’, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик. Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – ‘BAN’) за зборот ‘Македонија’ и сите изведенки од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.“
„Игор Јанев, универзитетски професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, тврди дека тоа се јасни сигнали и индиции во еден процес за деноминирање на македонскиот идентитет. Во таа насока ја гледа и интерната одлука во ОН да се избегнува терминот ‘македонски јазик’. Тој е убеден дека целата сложена операција, чија тенденција е ‘бришење на македонскиот идентитет’, умешно е вградена во Преспанскиот договор, како вешто создадена стапица во креираните клаузули од договорот, при што со неговото потпишување истата процедура е започната. Затоа, тој енергично се залага за негово итно раскинување, за да се зачува македонскиот идентитет.’
Според него, ова што сега се случува со јазикот во ОН е само резултат од непромисленоста при потпишувањето на Преспанскиот договор. ‘Беше прашање на време кога и јазикот ќе се најде под оваа забрана. Очигледно од минатиот месец и терминот ‘македонски јазик’ отиде под таа забрана.’ – вели професорот Јанев.“
„Тој уште додава дека преку еден варварски и нецивилизациски чин, како што беше потпишувањето на Преспанскиот договор, се бришат еден цел народ и неговата култура. ‘Преспанскиот договор претставува целосно уништување, или деградирање на културниот идентитет на еден народ независно каде живее (во Грција, кај нас или каде било во светот). Ова е модел на културен холокауст.’ – заклучува професорот Јанев.“
„Дали со молкот на службите на ООН и на македонското Министерство за надворешни работи се потврдува веродостојноста на информацијата?“
„Нова Македонија’ по трагата на оваа информација се обиде да добие одговор и од македонското министерство за надворешни работи, како и од Обединетите нации, но по повеќе од една недела ниту една институција не се јави да ги потврди или да ги негира ваквите наводи. Ваквата затвореност на институциите е крајно недозволива, со оглед дека станува збор за суптилно прашање, што допира во идентитетското чувство на еден народ, кој секојдневно е под невиден напад од Бугарија и Грција. Министерството за надворешни работи на Македонија и ООН се должни, заради точно информирање на јавноста, навреме да одговорат на поставените прашања и отворените дилеми.“





