Писателот и актер Сашо Тасевски е разочаран и навреден од Катерина Колозова, екс премиерите Бучковски и Георгиевски и неколкумина други кои се дел од последната иницијатива за разгогор со Бугарија.
Тасевски меѓу другото не може да разбере зошто Колозова вели дека во Македонија има хистерија кон Бугарија кога цели три години од соседната држава стугнувааг навреди, провокации и закани кон Македонците.
,,Колозова, длабоко сум разочаран и навреден од тебе.
Ко ќе те сретнам некогаш може ќе ти го кажам ова у лице, а може и ќе те одминам ко да не те познавам, не знам.
Нејќам ни да ги коментирам твоите изјави. Просто е несфатливо како можеш да кажеш дека македонците се хистерични кон бугарите, кога тие три години спроведуваат најпримитивна агресија за ревизија на нивната срамна нацистичка историја преку грбот на Македонците.
Бесрамно го газат правото на самоопределување на еден народ.
Го негираат од корен. И тоа како членка на ЕУ во 21 век.
Шират одвратна пропаганда од чисти лаги, во која ги понижуваат македонците пред светот.
Формираа бугарски партии и здруженија во Македонија кои ја спроведуваат истата пропаганда кај нас и го повторуваат се она што го бара Бугарија од нас. На пример менување на уставот.
Тоа во превод ти е поткопување на уставниот поредок и мешање во внатрешните работи на друга држава.
Притоа тие немаат никакви обврски кон нас доколу им исполниме било што, што значи се работи за уцена и агресија со цел бришење на цел народ од мапата на Европа. Пишуваат втор Букурешки договор за нивниот санстефански сон пак да стане стварност.
И им требаат таквите како тебе, Бучко, Љубчо, Столе од радиото, да ја убедат јавноста тој да се потпише.
Знам, не сте глупи.
Тогаш вашите мотиви за учество во нивните македонофагиски ритуали наречени клубови за македонско бугарско пријателство, изгледаат крајно злонамерно.
И одроднички. Не се македонците хистерични, само им светна сијаличката за опасност по живот и опстанок. Секој народ си има граница на толеранција на понижувања и навреди. Нечија болна опсесија со нас и хистерија барај ја на страната што ја браниш, иако ти како филозоф не би требало да зазема страна, особено не онаа чие главно оружје се лаги, фалсификати плагијати, во историја, политика или музика, се едно.
Колозова ти и сите вие таму, македонско бугарските клабери, влезени сте во многу опасна игра. Во многу опасно време.
Не филозофирајте толку на бугарски.
Животот е колце. Тркалце.
Патот горе е пат долу, Колозова.
Ова ја на тебе онака, филизофски.
Иако треба да го знаеш. И да се опулиш на време”, пишува Таневски кон луѓето кои разговараат со бугатски јавни личности и притоа ги обвинуваат Македонците дека се виновни за нарушените односи со Бугарија.






