„Танец“ утре на концерт во бугарскиот град Гоце Делчев

Националниот ансамбл за народни песни и игри од Македонија „Танец“ утре ќе гостува во градот Гоце Делчев, Бугарија, на покана од градоначалникот Владимир Москов.



Божикно-новогодишниот подарок за жителите и за гостите на градот од Пиринска Македонија ќе го збогатат солистите Сузана Спасовска и Кирил Митоски.

Концертот ќе почне во 17 часот и ќе се одржи во „Неврокоп арена“, а влезот е слободен.