Тамара “твитна” за Вардар, навивачите ја одбија поддршката

Пејачката Тамара Тодевска по големата победа против Барселона во стилот на евровизиската песна објави дека е горда (#proud) Вардар со слика од резултатот.



Но навивачи на Вардар со огромна доза на негативна енергија и го одземаа правото на Тамара да го поддржува Вардар.

На прилично жестоките коментари Тамара одговори со две точки, црвена и црна.

Но и тоа не ги запре критичките постови насочени кон неа кои можат да се прочитаат на твитот.