На социјалните мрежи исплива преписка (за која се тврди дека е) меѓу градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и пејачката Тамара Тодевска.Од преписката која може да се види како таа добива насоки како да ја промовира најновата акција за рециклирање на отпадот, објави Република.мк.
Според фотографијата пејачката по грепка на Инстаграм ја ставила целата добиена порака која не требало да биде објавена со што сите ќе мислеа дека Тамара е искрено загрижена за рециклирањето а не спроведува политичка нарачка.
Зошто Тамара би добивала упатства да промовира политичка активност на градоначалникот на СДСМ засега не е јасно.
Дали е таа најмена како промотор на акциите на најбогатата општина во Македонија или се работи за нешто друго треба да откријат пејачката што ја заборави строфата од химната со Гоце Делчев и општина Центар.А колку на Богдановиќ му е важен овој проект за рециклирање на од падот може да се види од спотот во кој се појавува и тој.https://youtu.be/HZGWXPpZOxY




