Иако градоначалничката на Град Скопје почна со собирање на потписи за основање на сопствена партија, сепак на политичката сцена преку веќе постоечка, дознава Телма.



Данела Арсовска, како што неофицијално дознава Телма ќе ја преземе  партиујата „Нова Алтернатива“ основата од Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога тој беше член на ВМРО Народна партија и пратеник во Собранието.

На парламентарните избори следната година влезе во коалицијата предводена од СДСМ и доби едно пратеничко место.

Партијата повторно се приклучи на коалицијата предводена од СДСМ на изборите во 2016-та и во 2020-та година.

Арсовска потврди дека е во процес на формирање на партија, иако не откри повеќе детали.