Талин: Две златни медали освоија македонски таеквондисти

Македонските таеквондисти забележаа голем успех на Европското клупско првенство во Талин, освојувајќи два златни медали.



Првото златно одличје го освои олимпискиот вицешампион и член на Таеквондо клубот „Бутел“, Дејан Георгиевски, кој поради подобриот ранкинг, во првото коло беше слободен, а до златото дојде со две убедливи победи.

Успехот на Георгиевски во категоријата над 87 килограми го повтори 19-годишната Милијана Рељиќ во женска конкуренција, која до златниот медал во категоријата до 62 килограми дојде со четири победи. Плусинфо