Талибанските власти им забранија на девојките да студираат на универзитетите во Авганистан на неодредено време, објави Министерството за високо образование во писмото упатено до сите јавни и приватни високообразовни институции во земјата..
„Сите сте известени да ја спроведете наведената наредба за запирање на образованието за жените до понатамошно известување“, се вели во писмото објавено од министерот за високо образование Неда Мохамад Надим.
Забраната за високото образование доаѓа за помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја.
Кога се вратија на власт во август 2021 година, талибанците ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но главно се вратија на ултра строгото толкување на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт (1996-2001).







