Бремена полицајка била убиена од талибански борци, објави Би -Би -Си, повикувајќи се на роднини на жртвата.
Настанот се случи во една од централните провинции на Авганистан.
Талибанците негираа дека извршиле такво злосторство и соопштија дека ќе ја испитаат смртта на жената.
Портпарол на талибанците изјавил дека во меѓувреме биле уапсени четворица мажи кои удирале демонстранти и им се заканувале со огнено оружје за време на протестот за поддршка на правата на жените во главниот град Кабул.







