Девет новинари беа произволно уапсени од талибанските безбедносни сили во изминатите десет дена во Авганистан во акција без преседан оваа година, алармираат од „Репортери без граници“.
Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан пред две години на 15 август 2021 година, повеќе од 80 отсто од авганистанските новинари престанаа да работат во земјата.
Авганистанските новинари работат во услови на голема несигурност и страв за своите животи“, изјави извршниот директор на Репортери без граници, Кристијан Мир.
Откако се вратија на власт пред две години, талибанците воведоа сериозни ограничувања на слободата на говорот.
Притисокот од талибанците, а особено од тајните служби, се зголеми толку многу што многу медиуми се самоцензурираат само за да не бидат затворени и новинарите кои работат во нив да не бидат уапсени.







