Радикалните талибанци објавија амнестија за сите службеници во авганистанската влада, вклучително и претседателот Ашраф Гани.
Тие можат да се вратат и да живеат во Авганистан, рече високиот талибански лидер Халил ур-Рахман Хакани во интервју за пакистанска телевизија.
„Нашата земја им простува на сите, од генерал до обичен човек“, рече Хакани.
Тој, исто така, ги повика авганистанските бегалци да не го прават тоа и за непријателска пропаганда ги прогласија тврдењата дека талибанците ќе се одмаздуваат.
Хакани рече дека сите националности во земјата можат да бидат спокојни.
„Таџиците, Узбеците, Хазарите и Паштуните се наши браќа“, изјави тој.






