На првиот ден како технички премиер Талат Џафери за 24 часа има 2 законски прекршувања со што покажа како планира да се однесува во својот мандат даден од СДСМ.
За 100 дена може да прекрши и природни закони предвидува сценаристот и инфлуенсер Божидар Божиновски Моџо.
,,За 24 часа Талат го прекрши Законот за забрането пушење во затворени простории и паркирање на тротоар. До крајот на мандатот се очекува да ги прекрши и законите на физиката и органската хемија”, предвидува Божиновски.
Џафери прво пушеше во затворена просторија а потоа го паркираше службениот Мерцедес на забранет простор за паркирање.






