Засега нема став од собранискиот спикер Талат Џафери дали и кога ќе ги стави на гласање, иако расправата беше исцрпена уште 18-ти август. Првиот човек на Собранието не одговори на нашите повици и смс пораки кога планира да свика продолжување на пленарната седница со единствена точка – предлог за пристапување кон промена на Уставот, објави телевизијата.
Тоа што утре истекуваат 10-те дена за дебата нема да влијае на ставот на собранискиот спикер Џафери, вели во разговор за Канал 5 потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој тврди дека продолжување на седницата ќе има тогаш кога коридинаторите на пратеничките групи ќе го информираат собранискиот спикер дека е обезбедено потребното двотретинско мнозиство, до тогаш, вели Џафери има деловнчко право да не закаже седница.
Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека спикерот Џафери нема законска обврска да ги стави амандманите на гласање само поради тоа што истекле десетте дена предвидени за собраниска дебата.
Повеќе на Канал 5






