Талат најави влез во претседателската вила, чека излезност под 40 %

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го објаснуваше процесот на избори во вториот круг како и потребниот цензус за успешни избори.



Џафери најави дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на 5 мај, на 12 мај тој ќе ја преземе функцијата претседател на Република Македонија.

Спикерот повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Во вториот круг на изборите закажан за 5-ти мај, во трка за шеф на државата се Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.