По одлуката на Уставниот суд, функционерите ќе земаат и по 1000 евра повисоки плати, а најголемото покачување овој месец ќе имаат Пендаровски, Џафери и Ковачевски. Според новите пресметки со зголемувањето собранискиот спикер ќе биде политичарот со највисока плата од 166 илјади денари, 1500 денари повеќе од шефот на државата поради минат труд, додека месечната плата на премиерот Ковачевски ќе изнесува 156 илјади денари или повеќе од 2500 евра. На сметките на вицепремиерите, пак, ќе легнат суми од 122.000 до 129.000 денари, анализира Канал 5.
Дел од снидикатите пак порачуваат дека не е хумано во услови кога обичниот работник врзува крај со крај, платите на функционерите енормно да се зголемуваат. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Дејановски за Канал 5 порачува дека бараат и платите на работните да се пресметуваат по ист коифицинет како и кај функционерите.






