Талат Џафери останува претседател на Собранието

Зоран Заев потврди дека досегашпниот парламентарен спикер, Талат Џафери, оставува да го води Собранието и во наредниот период.



„Талат Џафери е договорено да биде претседател на Собранието, одговори Зоран Заев, претседателот на СДСМ на новинарско прашање.

Заев и Ахмети денеска информираа дека според постигнатиот договор, иден претседател на влада ќе биде лидерот на СДСМ, однсно дека последните 100 дена од влада и пред следните парламентарни избори, местото премиер ќе го даде ДУИ.

Тие не сакаа да соопштат имиња на идните министерства, а за тоа ќе информираат откако договорот ќе биде одобрен од надлежните органи во партиите.