Талат Џафери не одби подарок “Голема Албанија”, повика на духовно обединување

Спикерот на Собранието Талат Џафери јавно доби на подарок на кој е нацртана мапа на „Голема Албанија“.



На телевизиско шоу од изведувачот и автор на фолк песни Азис Морина доби фотографија на која е нацртана мапата „Голема Албанија“ на која има територии на Албанија, Македонија, Косово, Грција, Србија и Црна Гора.

Џафери не го одби ниту се вознемири од подарокот кој за сите во регионот освен Албанците е провокација и закана.

“Многу ви благодарам, се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел, да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа”, рече Џафери откако го прими подарокот.

Видеото е на тв21

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1087140744819881/?sfnsn=mo&s=1317270620&w=y