Нешат Џафери го претстави својот брат и прв Албанец (технички) премиер на Македонија, Талат Џафери, како голем „талант“, што би рекле Бугарите, споредувајќи го со, ни помалку ни повеќе – Алберт Ајнштајн!
„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на интелигенција како Ајнштајн, можеби и поголем. Знаев дека ќе биде изгласан, бидејќи не ги остава работите на половина“, изјави Нешат за косовската телевизија Клан, која беше кај него на гости.
Според Нешат, брат му со посебна посветеност ги завршува обврските, без разлика дали има неразумни пречки од други партии или пратеници, додавајќи дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на луѓето во Македонија, без оглед на тоа на која нација или вера ѝ припаѓаат, па (про)цени дека Џафери е искусен и има капацитет да ја води државата.






